Како истакнат поддржувач на винската култура, Канео ресторан ја има таа чест да биде домаќин на дегустација на вина од винарија Камник, во соработка со “Riedel Glass”.

Низ забавниот процес на едукација и дегустација ќе Ве води Стефано Канело, истакнат експерт од најпознатата компанија за производство на чаши за вино, “Riedel Glass Company”.

Овој мастер клас има за цел да ја редефинира Вашата перцепција на виното конзумирано во соодветна чаша и да остави длабок впечатот кај посетителите кои го бараат совршенството во виното. Во овој 90-минутен процес ќе се уверите како формата на чашата игра исклучителна улога при доживување на четирите сензации на виното: букет, текстура, вкус и послевкус. Апелираме до сите љубители на вино со софистициран вкус да не ја пропуштаат оваа ексклузивна можност и да го посетат овој мастерклас кој за прв пат се организира во Охрид.

Цената на влезница е 1200 денари (со вклучена дегустација на вина од винарија Камник), а за оние кои ќе останат по мастер класот, -15% попуст на целото мени на Канео Ресторан.

Настанот ќе се одржи денес со почеток во 18 часот, а заинтересираните можат да извршат резервација на: 070 850 282.

OhridNews/PR