По тој повод на плоштадот „Крушевска република“ – кај Чинарот, беше поставен штанд на кој припадници на сообраќајната полиција и акривисти на Црвениот крст, делеа пропаганден материјал со превентивни и корисни содржини за сите учесници во сообраќајот.
На неколку места низ градот, беа поставени сообраќајни контролни пунктови каде покрај превентивно, полициските службеници делуваа и репресивно во случаи на флагрантно кршење на сообраќајните правила и прописи.
Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајните незгоди, кој за првпат се одбележува во Република Македонија, беше организирана и крводарителска акција која же биде спроведена во вторник во Општата болница во Охрид.
На одбележувањето на Светскиот ден на сеќавање за жртвите од сообраќајни несреќи присуствуваше едно лице кое доживеало сообраќајна незгода. На видео бим беа презентирани кратки спотови со слики од случени сообраќајни незгоди и со поуки и насоки за зголемување на безбедносната култура во сообраќајот. Екипи на Црвениот крст од Охрид изведоа неколку показни вежби на спасување на повреден при сообраќајна незгода и укажување прва помош.
Одбележувањето на светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајот ќе продолжи и во претсојната седмица.