Четириесетина вработени жени во во ОУ”Ванчо Николески”  добија „Едукативен цвет“ како осмомартовски синдикален подарок. Цветот кој им го подари претседателот на синдикалната организација Димче Донески, беше аранжиран со едукативна панделка, на која покрај пораките за среќен празник, стојат и фотографиите на Клара Цеткин и Роза Луксембург, како и белешка за нивното значење во борбата за женските права. Необичен  додаток во цветниот џеб беше и  посебното издание  на Законот за еднакви можности на жените и мажите на РМ, кој е  донесен уште во 2006 година, но кој, за жал, малкумина го прочитале, информираат од СОНК.


Едукативен подарок за наставничките од „Ванчо Николески“

OhridNews