Едночасовен настан за едукација на учениците од основните училишта од Охриско-струшкиот регион, за природната непогода земјотрес ореганизира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје во соработка со Вера Зороска, предметен наставник по физика во ООУ „Христо Узунов“ – Охрид.

Настанот е осмислен како едукативна театарска претстава насловена како „Очи во очи со земјотресот“, која ги појаснува сите поими поврзани со земјотресот како природна појава, примената на физиката и географијата во објаснувањето на непогодата и најважно, ги опишува сите заштитни мерки кои треба секој еден да ги преземе пред, за време на и после земјотрес, информираат од училиштето.

Овој настан, додаваат во соопштението, претставува дополнување на спектарот активности кои Сеизмолошката опсерваторија ги презема во насока за едуцирање на пошироката јавност за ризиците, но и мерките за заштита при земјотрес, а исто така е во согласност со Годишната програма на ООУ „Христо Узунов“-Охрид.

Настанот ќе се одржи во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид во понеделник со почеток во 20:00 часот.

OhridNews