Хрватскиот репрезентативец од бразилско потекло, напаѓачот на лондонски Арсенал, Едуардо да Силва е успешно опериран по тешката повреда што ја здоби по грубиот старт на одбрамбениот играч на Бирмингем, Тејлор, на вчерашниот натпревар од Премиер лигата.


Едуардо опериран по тешката повреда

Среќа во несреќа е што Едуардо се здобил само со надворешна фрактура на потколеницата, додека во внатрешниот дел на коската нема скршеница. Лекарите не соопштуваат колку точно ќе трае рехабилитацијата на Едуардо, но се претпоставува дека тој ќе заздравува 6 месеци, а не 8 како што се предвидуваше првично.


за менаџерот на Бирмингем стартот врз Дуду не бил ни за жолт картон !?

Во меѓувреме спортската јавност на островото е згрозена од изјавите на менаџерот на Бирмингем, кој рече дека стартот на Тејлор врз Едуардо не бил ниту за жолт картон. Но, медиумите и јавноста се ставија отворено на страна на менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер кој побара на Тејлор да му биде изречена забрана за играње фудбал.

Г. Момироски