Многу блиску до нов сензационален резултат беа македонските репрезентативци. Сепак не издржаа и со нов првиот пораз од гостувањата се враќаат во Скопје. Оптимистичкото раположение кое го понесоа од Охрид можеше да се забележи на Максимирската трева во првите 45 мин. Прочитана играта на коцкастите, блокирани сите приоди кон нашиот гол ни даваа за право да се надеваме на нешто повеќе. Потврда за тоа притигна во 36 мин благодарение на несмната интервенција на Плетикоса капитенот Седлоски не доведе во водство од 1-0 за молк на Максимир .
Вториот дел беше сосема друга приказна, велгувањето на Срна и нашето повлекување на своја половина резултираше со очекуваниот притисок на 12 фудбалска сила во светот. Нашата предност се стопи во ’58 по слободниот удар на Срна и лошата поставеност на Николовски. По изедначувалкиот погодок повторно игра која ни осигруаше бод. Клучниот момент на натпреварот беше вториот жолт картон на Седлоски, останавме без најдобриот и сигурно најмотивираниот играч на теренот. Влегувањето на Вајс на местото на Мазнов само ја потврди нашата цел, бод од Максимир. Хрватите иако се очекуваше не не нападнаа така жестоко но нивниот константен притисок се исплатеше тогаш кога најмногу боли 88 мин. Незабележливиот Едуардо ја искористи асистенцијата на Срна за водство и победа од 2-1.
М.Постолоски