Mакедонските едриличари Ердал Лушо од ЕК СНЕГАР Струга и  Димитар Поп- Стефанија од ЕК СТРМЕЦ Охрид го заокружија натпреварувањето на овогодинешната регата за Оптимист – Optiweek, која oд 25-30 јуни се оджуваше во Истанбул, Турција.

На регатата силите ги измерија вкупно 135 едриличари од 9 земји и тоа: Данска, Израел, Тунис, Алжир, Англија, Романија, Полска, Македонија и домаќинот Турција, со што ова натпреварување се смета за едно од најмасовните и со најјака конкуренција за оваа класа.

Двајцата наши претставници се пласираа златната средина, Ердал Лушо  на 55 то место и Димитар Поп- Стефанија на 65 то место.

ohridnews