По успешната организација на Пролетната регата во Струга со која се означи стартот на новата едриличарска сезона, во водите на Охридското езеро овој викенд, на 23 Мај, ќе се одржи вториот натпревар во едерење за оваа година за олимписките класи Ласер стандард, Ласер радијал, Ласер 4.7, 470, Фин, Европа, како и најмалата класа Оптимист.На регатата ќе учестуваат едриличари од Струга и Охрид на возраст од 12 до 50 години.
Регатата ке се одржи на добро познатото регатно поле “Градска Плажа” во организација на ЕК “Снегар“ од Струга, клуб кој оваа година изненадува со импресивни резултати како на домашен така и на меѓународен план.
Како новитет за оваа регата, огранизаторите најавуваат медиумска презентација со интернет пренос во живо од настанот.
OHridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com