Во рамки на Купот за едрење, на Охридското Езеро денеска се одржа едриличарска регата во организација на Јахтинг клуб ОЛС од Охрид, на која учествуваа екипи од Охрид, Струга и Скопје.

Победник во категоријата “One design” беше екипата “Timless love” на Акватика Јахтинг – Охрид составена од четири млади девојки предводени од скипер Софија Ставрева. Првото место во категоријата „Минитонци“ (над 23 feet) е екипата на Јахтинг клуб ЦЗГ со скипер Михајло Арнаудов, додека во категоријата „Микротонци“ (до 23feet) победи екипа на Јахтинг клуб ОЛС со скипер Никола Бараковски.

Ветрот не беше сојузник на натпреварувачките кои пловеа на регатното поле Градско пристаниште – Канео –  Горица 3 – Охрид, но учесниците испратија силна еколошка порака дека заштитата на Охридското Езеро може да се постигне само со употреба на еколошки пловила.

Настанот е поддржан од Општина Охрид.

Г.М.