Едриличарот  Ердал Лушо е избран за најдобар спортист на Струга на 39 издание на манифестацијата “Вечер на спортот” . Младиот едриличар имаше повеќе од успешни настапи на регатите во Хрватска, Бугарија, Словенија, Србја од каде се врати со одлични пласмани, со што достојно ја претставуваше Струга и Македонија.

 

Моника Ристеска од женскиот ракометен лигаш “ФОН Универзитет” е втора. Таа е најдобар стрелец во лигата и во репрезентацијата во кадетска конкуренција.На 3. место е кугларот Стојче Попоски, член на КК “Инекс Дрим”. Тој беше

учесник на СП во Германија каде го освои 32. место во конкуренција од над 100натпреварувачи.

Потоа следуваат Р. Менкиноски (шах), Н. Кутаноски (триатлон), Љ. Танаскоски (веслање), Б. Тодороски (кајак), К. Костоски (ракомет), И. Ќелешов (фудбал – Караорман), Мартин Ќолески (пинг-понг).

Меѓу клубовите епитетот најдобар го понесе ВК “Црн Дрим” – веслање, тренер на годината е Коста Хиохи (веслање), најдобар спортист кој настапува надвор од Струга е Ѓ. Ѓоргоноски (Металург), педагог – Езерка Жупана, а спортски клуб од пошироката околина на Струга е екипата на “Искра” од с. Мороишта.
Ohridnews