Eдриличарите од ЕК АМАК СП – БОФОР- Охрид,  со еден златен медал се вратија од меѓународната едриличарската регата што викендов се одржа во Бела Црква, Р. Србија .

Ирена Грунче се искачи на највисокото место на пиедесталот во класата Европа  додека оптимистите во генерален пласман во конкуренција од 24 едриличари се пласираа по следниов редослед:
– Добре Трпоски 6то место, Илче Грунче 8мо место, Елена Ставреска 10то место , Новица Велјаноски 11 то место и  Иван Суклоски 13то место.

Македонски едриличари Ердал Лушо од ЕК СНЕГАР Струга и  Димитар Поп- Стефанија од ЕК СТРМЕЦ Охрид финишираат со натпреварите на регатата “Оptiweek“ во Турција.

Ohridnews