14 натпреварувачи во три различни класи ќе ги бранат боите на Македонија на Балканското првенство во едрење кое следната недела ќе се одржи во Долни Милановац,Србија
Два екипажа ќе настапат во класата 470 и тоа Фармакоски/Ќосески и Грданоски/ Чатарошки, во “Ласер Стандарт” ќе се натпреваруваат Мартин Пејоски и Кирил Мирчески, додека во “Оптимист“ ќе настапат : Ердал Лушо, Димитар Поп Стефанија, Мартина Каневче, Елена Ставреска, Ирена Грунче, Иван Суклоски,Новица Велјановски, Дамјан Поп Стефанија.
Како загревање за БП, едриличарите ќе учествуват на 34. “Ѓердап куп”.
– Од минатогодишните учества на БП, какои на некои посериозни натпревари кои во изминатите две години беа примарна цел за настапот на македонските едриличари евидентно е приближувањето кон повисок ранг на листите. Тоа е доказ дека македонското едрење во балкански рамки станува сериозна конкуренција, но и мотив за понатамошна работа со цел доближување до европската и светската елита – рече стручниот соработник во федерацијата Кате Бујароска.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com