Македонскате репрезентација во едрење на Балканскиот Шампионат што од 3-9 септември се одржа во Квала – Грција со учество на 8 земји во 6 класи постигнаа солидни резултати.
На Шапмппионатот помеѓу реномираните едриличарски велесили и јаката конкуренција нашата репрезентација ги подобри своите резултати од минатите години. Македонија настапи со 9 едриличари кои се натпреваруваа во 3 класи.
Во класата Оптимист, настапија вкупно 68 едриличари. Најдобар пласман од македонските репрезентативци имаше Ердал Љушо кој беше 29-ти, Димитар Поп-Стефанија беше 34-ти, Фармакоски Александар беше 38-ми, а Добре Трпоски и Власе Јованоски се пласираа на 39 односно 44 место.
Во истата класа, во женска конкуренција Ивана Фармакоска го завзеде 18тото место. Во класата Ласер Стандард, Милески Љубиша и Пејоски Мартин беа 18ти, односно 20ти, додека на Заричин Александра и припадна 12то место во класата Ласер Радијал.
Ohridnews