Извршниот одбор на  Едриличарската федерација на Македонија на 14-та седница, го изгласа календарот на регати за 2009 год. кои ќе се организираат во Македонија. Календарот предвидува организирање на вкупно 15 регати од кои 6 државни првенства  во сите постоечки класи.


Регатите ќе се одржуваат на Охридското Езеро и езерото Младост, а пријавени  организатори покрај двата охридски клуба: ЕК АМАК СП –БОФОР и ЕК СТРМЕЦ, двата струшки клуба: ЕК СНЕГАР и ЕК СИРМА, како и клубот ЕК ПЕЛИКАН од Скопје.

Покрај домашните во престојната 2009 год. се планираат голем број учества на меѓународен план.

Репрезентативците на Македонија ќе земат учество на:

– Првенство на Југо-источна Европа за Оптимист во Палиќ-Србија
– Младинско Првенство за Ласер Радијал во Данска
– Европско Првенство за Оптимист во Пиран-Словенија
– Светско Првенство за Оптимист во Нитерој-Бразил и
– Балкански Шампионат во Долни Милановац- Србија.

ohridnews