Македонските едриличари по завршувањето на Меѓународна Илинденска Едриличарска регата продолжуваат со настапите на меѓународен и државен план.
Тројца наши претставници Димитар- Поп Стефанија од ЕК СТРМЕЦ-Охрид, Дамјан Поп- Стефанија од ЕК АМАК СП- БОФОР од Охрид и Ердал Лушо од ЕК СНЕГАР- Струга веќе се во Голубац, Р. Србија каде ќе замат учество во класите Оптимист и Ласер 4.7 .
На крајот на месецот во Охрид ќе се одржи Државното Првенство за класата Оптимист до 12 години. Планирано е и учество на наши едриличари на “Sailling week“ во Истанбул, Р.Турција, а во меѓувреме течат подготовките за настап на македонската едриличарска репрезентација на Балканскиот Шампионат што оваа година ќе се оджи во Долни Милановац, Р. Србија
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com