Тричлената македонска едриличарска експедиција денеска заминува за Хвар, Хрватска каде од 28 до 31 декември ќе се натпреварува на 32 Новогодишна регата Европа куп.


Ердал Лушо од ЕК “Снегар“ -Струга и Димитар Поп Стефанија од ЕК “Амак СП Бофор“ заедно со уште 140 останати пријавени ќе се натпреваруваат во класата оптимист, додека Алексндара Заричин од “Амак СП Бофор“ – Охрид ќе се натпреварува во класата радијал во конкуренција на 163 пријавени.

Настапот на новогодишната регата во Хрватска е последен во оваа календарска година за едриличарите кои заокружуваат една од најактивните години за федерацијата.

М.П.