Едиличарите на АМАК СП- Бофор, се вратија од Меѓународната  едриличарска регата, што се одржа на езерото Искар во Софија, Р.Бугарија, каде постигнаа солидни резултати.

На регата учествуваа едриличари од: Србија, Црна Гора, Романија, Бугарија, а Македонија ја претставуваа четворица натпреварувачи од АМАК СП-Бофор.

Во класата „Кадет“ Алесксандра Заричин/ Ивана Фармаковски го освоија  2-рото место. Во класата „Оптимист“ (генерален пласман) Александар Фармакоски го освои 9-то место, додека во истата класа во конкуренција на натпреварувачи до 12 години Димитар Поп-Стефанија го освои 3то место.

Г.М.