Петчлена македонска експедиција настапи на овогодинешното отворено првенство на Југо- источна Европа за Отимист кое се одржа на езерото Палиќ,  Р. Србија.

Покрај нашата на првенстовото учествуваат уште шест држави: Унгарија, Србија,  Словачка, Црна Гора, Кенија и Бугарија.

Во конкуренција од 59 едриличари во класата Оптимист, еден два победа за Унгарците Балаш Гајпаш, односно Сомвор  Гајпаш .

Најдобро пласиран македонец беше Ердал Лушо кој го освои 12-то место, додека Димитар Поп- Стeфанија се пласираше на 13 место.

Мартина Каневче го завзеде 26-тото место во генерален пласман,7-ма во женска конкуренција. Марија Мукоска се пласира на 45-тото место, додека во женска конкуренција беше 20та.

Најмладиот учесник од нашата репрезентација Дамјан Поп – Стефанија, беше 53 – ти , додека во категоријата до 12 год. беше 25ти.

Претходно најдобриот едриличар за 2008 година, Ердал Љушо, учествуваше на регатата „Софија Пролет “, на езерото Искар, Бугарија каде во класата Ласер 4.7 се закити со бронзениот медал.

Ohridnews