Охридските едриличари од клубовите Бофор и Стрмец викендов настапија на Европскиот Дунавски Куп во класата Микротонец кој се одржаво Земун, Белград.


На овој куп зедоа учество 5 земји ( Србија, Македонија, Црна Гора, Словенија и Романија) со вкупно 22 екипажи, тимот на EK БОФОР заврши на 15то место, додека тимот на EK Стрмец на 17тото место.

Регатите се одвиваа 3 дена, првиот ден се возеше една навигациона регата додека останатите два дена се одржаа по две трки во одлични временски услови.


Домаќинот на овој куп, едриличарскиот клуб Земун од Земун се покажа како одличен организатор не само на регатите туку и на целокупното дружење за време на регатите на сите едриличари. После оваа регата нашите едриличари активно се спремаат за овогодинешната 43та по ред Илинденска меѓународна регата.

Ohridnews