За да можат да ги чуваат и спуштаат во вода своите едрилици, сопствениците бараат да им се овозможи непречено да користат дел од пристаништето.

Годинава ваквата можност им е ускратена поради големиот број бродови кои зафаќаат значаен дел од пристаништето. Ваквите проблеми, како што велат едриличарите, довеле до тоа да се одложи годинешната манифестација „Охрид сејлинг кап“.

  • Бидејки дел од пристаништетот е блокирано од бродови не може сите едрилици да учествуваат, да бидат пуштени и усидрени за време на манифестацијата “Ohrid salling cup“. Бараме да се обезбеди место за сите едрилици. Младите деца да можат да едрат, не само нашите едиличари од Охрид, туку и од другите градови“, вели Стефан Ставрев од Јахтинг клубот Акватика од Охрид.

Едриличарите го искажуваат своето незадоволство од, како што велат, беззаконието кое владее на пристаништето.

  • Би сакал да се обратам до министерството за транспорт и врски да ги преземат сите можни мерки да се воспостави ред. Воедно и до управата за јавни приходи да ги преземе мерките за дивеењето на градското пристаниште. Мораме да ги одложиме сите активности на “Ohrid salling cup“, бидејќи не сме во можност да ги спуштиме едрилиците заради паркираните бродови. Во контакт сме со капетанијата од каде изјавија дека се само советодавно тело и дека не можат да ги решат овие проблеми, вели Михајло Арнаудов кој е организатор на спортската манифестација „Ohrid salling cup“.

Едриличарите бараат од министерството за транспорт и врски да се почитува редот што бил воспоставен минатата година, при што дел од пристаништето бил наменет за потребите на едриличарите.

OhridNews