Македонските едриличари освоија пет медали на меѓународната регата што изминатиот викенд се одржа на Бованското Езеро во Србија, соопшти едриличарската федерација -ЕФМ.

На регатата на Бованското Езеро што е дел од системот на натпревари на  Евробалканската едриличарска федерација се одржаа вкупно шест натпревари, а нашите репрезентативци ги постигнаа следните резултати:

Класа Европа
1-во место Мошоски Славчо
2-ро место Нединкоски Томе

Класа Оптимист-генерален пласман
3-то м. Канeвчева Мартина
7-мо м. Димески Александар
9-то м. Ставреска Елена

Класа Оптимист- девојки
2-ро м. Каневчева Мартина

Класа 470
2-ро м. Љубиша Милески

Г.М.