Викендов во организација на Едриличарскиот клуб „ СИРМА“ од Струга и Едриличарската федерација на Македонија се одржа Државното првенство во едрење за класата МИНИТОНЕЦ.
На Првенството, учество зедоа девет екипажи од 4 клуба од државава: ЕК АМАК СП- БОФОР и ЕК СТМЕЦ од Охрид, ЕК СНЕГАР и домаќинот ЕК СИРМА од Струга.
Поволниот ветар создаде одлични услови за едрење при што се одржаа предвидените 4 трки.
Екипажот на ПАЈНИК од ЕК АМАК СП- БОФОР во состав Милески Љубиша, Милески Мики и Лазареска Драгана, со 3 први и 1 второ место во трките, заслужено го освоија првото место.
На второто место се пласираше екипажот на МИЛКА- Китаноски Мирко, Јованоски Стевчо, Ропчев Тодор од истиот клуб, додека третото место му припадна ЕК СТМЕЦ и екипажот на ВАРИЈАНАТА – Ропчев Славчо, Пејоски Мартин, Ошавков Деан.
Четвртото, петтото и шестото место ги освоија едриличарите од ЕК СИРМА и тоа екипажот на ВИНТУ-Ѓоко и Марко Гучески, МКД3 АУРОРА со Лазо Ѓорогоноски, Лушо Ердал и Кирил Мирчески, и МКД 4 ГАЛИЈА со Томе Андреески, Марија Мукоска и Драган Келешоски.
На седмото место се најде екипажот 255- Алмир Ракимоски, Славчо Мошоски и Кирил Куљанов од ЕК СТРМЕЦ, додека КАРПА од ЕК АМАК СП- БОФОР со Бојан Бошкоски, Иван Мирковски и Кирил Миљовски беа осми.
Деветта беше едилицата од ЕК СНЕГАР- ЖУПАН, предводена од Зоран Жупаноски.