Џим Брокет (42) И Жерардин МекНалти (35) биле само пријатели кога тргнале во авантура. Поминале три години на море и тоа им ги променило животите.
Пред да тргнат на пат околу светот се познавале само шест месеци. Со заедничките заштедени пари купиле едрилица и тргнале во авантура. Посетиле 42 земји, пливале со делфините на Нов Зеланд, хранеле ајкули на Пацификот и уживале во романтичните залези на сонцето. Џим ја запросил на Тајланд облечен во костим од Дедо Мраз. Се венчале штом стигнале во Велика Британија.
– Ова патување ми го измени животот. Засекогаш ќе го помнам тоа, а најважно од се е тоа што ја пронајдов љубовта на мојот живот. Не знам што би правел да ја нема Жерардин – рекол Џим, пилот во пензија.
За медениот месец сепак го избрале копното, Ќе уживаат во шкотските планини.