Делегатската машинерија, онаа која пред само три месеци му даде подршка на сега поранешниот претседател Хари Хаџиристески, овој пат едногласно на негово барање ја прифати неговата оставка и со громогласен аплауз го испрати во историјата.
Дел од делегатите од говорницата проговорија дека во изминатиот период се соочиле со притисоци, потоа запрашаа за валидноста на кандидатурата на новиот претседател Илчо Ѓорѓиоски, и толку.
Повторно рацете горе, и уште едно ЗА и громогласен аплауз, овој пат за новиот претседател Илчо Ѓорѓиоски. Ниту јавноста, ниту делегатите не беа запознати со новата програма, целите и задачите кои поранешниот тренер на Вардар ќе се обиде да ги реализира за време на неговиот мандат.
Единствено добија ветување од новиот претседател дека 24 часа ќе мислел на фудбалот. Доволно зарем не.