Заводливата ѕвезда Ким Кардашиан уште еднаш покажа зошто е една од најсексипилните славни личности на денешнината. Тешко е да се поверува дека таа во секоја прилика изгледа неверојатно. Тоа таа го покажа уште еднаш, овој пат на бензинска пумпа.


Во вртоглаво високи потпетици, старлетата го привлекла целото внимание на локалната бензинска пумпа во Калифорнија. Облечена во тесни црни панталони и светло сино сако, зрачела со сексипил додека точела гориво во своето Ферари вредно 274 илјади долари.