Долг живот потсвесно посакуваат сите, без разлика на тоа колку си наштетуваме себеси со внесувањето на нездрава храна, прекумерно седење, алкохол, цигари и останато не баш претерано паметно однесување.
Наместо да пиете многу лекарства, мултивитамини и слични додатоци кои “гарантираат“ подолг живот, научниците тврдат дека доволни се 25 минути брзо пешачење дневно за да обезбедите дополнителни 7 години живот.
Ова особено се однесува на оние кои се постари од 50 години, на кои и умерена физичка активност може да им го преполови ризикот од срцев удар, бидејќи болестите на срцето се едни од најчестите болести на луѓето ширум светот.
Истражувањата покажале дека со редовно вежбање го намалуваме ризикот од заболувања од прекумерна тежина и дијабетес, но и го продолжуваме животот.
Заклучокот на научниците е едноставен, со редовно вежбање процесот на стареење може да се успори. Со редовно вежбање купувате три до седум години живот. Рекреацијата и движењето се најдобри антидепресиви, ја подобруваат когнитивната функција на организмот, а постојат и докази кои потврдуваат дека влијаат на забавување на појавата на деменција.
Затоа, советот за долг и здрав живот е следен – секој човек би требало да издвои најмалку 20 минути дневно за брзо одење или трчање. Временскиот рок е пресметан според модерниот начин на живот и модерниот облик на исхрана.
извор:metro-portal.hr