Едноставно највкусни, со љубов подготвени хамбургери, сендвичи и салати, од денес во новоотворената сендвичара „Simple“ во самиот центар на градот.

Само во „Simple“ може да пробате Hamburger WITH THE LOT и да уживате во одличниот вкус на плескавицата, комбинирана со топен кашкавал, сланина, јајце, салата и помфрит. Наместо плескавица, може да изберете и пилешки стек.

Новата сендвичара го подготвува и појадокот BACON & EGG ROLL, кој содржи сланина, јајце, кашкавал и помфрит, кој по желба на потрошувачите ќе се служи и во текот на целиот ден.

На менито на „Simple“ може да избирате и помеѓу класичниот хамбургер, чисбургер, чикенбургер, неколку видови на тост, сендвичи, Цезар салата, сето тоа по пристапни цени и гарантиран квалитет на производите.

Сендвичарата „Simple“ се наоѓа веднаш до кафе бар „План Б“, во кулата на улица Партизанска 8, наспроти Еуролинк.

Работно време на сендвичарата е од 9 до 21 часот. Своите нарачки може да ги вршите на телефонскиот број 070/328 637.

OhridNews