Ако сте направиле се што треба, сте почнале здраво да се храните и вежбате, а килограмите не одат надолу со брзина со која сте очекувале, еве неколку трикови како да стигнете до саканата килажа.
Слабеењето е проблематично прашање, особено пред летото, а како што и обично овој период се одлучуваме за диета, не шкодат неколку совети кои можат дополнително да помогнат во губењето на килограмите.
За почеток, испразнете ги фиоките во кујната од нездрави грицки, а на нивно место поставете здрава храна која треба да биде првото нешто кое ќе го видите кога ќе ја отворите вратата.
Ништо помалку важно од здравата исхрана и вежбањето не е ниту спиењето, осум часа дневно е потребно за да бидете наспани и одморени, па во текот на денот нема да ве совладува заморот кој ќе се обидете да отстраните со храна.
Кога ќе почувствувате глад, прво напијте се голема чаша вода и причекајте петнаесеттина минути, можеби сте биле само жедни, прошетајте ако можете, па ако сте и понатака гладни, изедете нешто од здравата храна која сте ја припремиле.
И за крај, отстранете го вишокот од оброците, како преливи на салати и слично, бидејќи тоа се непротребни калории. Ако со сето ова малку ги промените веќе познатите рецепти и додадете нови зачини, килограмите ќе се губат со многу помалку мака.
извор:metro-portal.hr