Мажите се познати по тоа дека прифаќањето на совети за животниот стил не им оди баш од рака, но овие совети би требало навистина да ги послушаат.
Здравиот живот на мажите обично предизвикува асоцијации кои баш и не им се допаѓаат, па ноншалантно ги заобиколуваат сите совети кои им се даваат. Но, кога би знаеле колку е всушност едноставно да се води здрав живот, можеби сепак би започнале да размислуваат за тоа.
На пример, мали животни промени кои сега само ќе ги наброиме, ќе го намалат ризикот од срцев удар за огромни 86%.
Да видиме што треба да се направи. Да се внимава на исхраната и умерено да се пие алкохол. Тоа практично значи дека не треба секојдневно да се претерува со мрсно месо и пива, туку да се изеде малку зеленчук и да се испие едно пиво дневно.
Дневно би требало да пешачат или да возат велосипед 40 минути, што не би требало да претставува проблем ако имаат слободно време, а неделно е доволно да се вежба по еден час три пати. Не е баш премногу, се согласувате?
Сето тоа ќе ви помогне да го држите обемот на половината под 94 цм, што е горна граница за здравје, тврдат експертите, или половина од вашата висина ( ако сте натпросечно високи, пресметајте сами).
За крај престанете да пушите, и тоа е се.
извор:metro-portal.hr