Едно новороденче во Нигерија веќе три години се наоѓало на платниот список на владата и примало плата од 150 долари месечно. Тужителот во нигериската држава Замфара, Гарба Гаџам, изјавил дека детето е еден од многубројните работници кои постојат само на хартија, односно примаат плата за фиктивна работа. „Вработеното“ бебе е старо само еден месец, но неговиот татко почнал да го зема неговиот личен доход пред неговото раѓање.


Гаџам објаснил дека државата се обидува да го сопре овој тренд во кој државните службеници даваат фиктивни вработувања за членовите на нивните семејства како би ги зголемиле своите примања. Корупцијата во со нафта богатата Нигерија ги зафаќа сите сфери на животот, од највисоките политичари до сообраќајните полицајци кои редовно бараат мито од возачите.