Со усвојување на ребалансот на општинскиот буџет , советниците го прифатија и амандманот за доделување на паричната помош, кој беше предложен од страна на градоначалникот Петрески.
-Донесовме одлука парично да го помогнеме семејството на Новковиќ, поагајќи од фактот дека убиството се случи во нашиот град и што убиениот зад себе остави три малолетни деца и невработена сопруга, изјави претседателот на Советот, Душко Јаковчески.
Деновиве за одлуката на советот ќе биде информирано и семејството и најдоцна до крајот на годинава парите ќе бидат испратени во Белград.