Општина Охрид за буџетската 2025 година, согласно Програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднократна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид.

Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на лица (деца) кои се згрижени во семејства што опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство. Предвидената финансиска поддршка изнесува 10.000,00 денари по згрижено дете, се наведува во јавниот повик.

Во буџетот на општина Охрид за оваа намена се обезбедени 133.332 денари.

Повеќе информации за јавниот повик на линкот.

OhridNews