Општина Охрид, во врска со својата надлежност за социјална заштита за академската 2023/2024 година ќе додели еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои студираат надвор од Oпштина Охрид и потекнуваат од семејства со социјален ризик а се со место на живеење во Oпштина Охрид.

Право на паричен надоместок – образовен додаток имаат студенти кои се жители на Општина Охрид, редовни студенти запишани во тековната година на универзитетите во РМ (со одалеченост од најмалку 70 км од општина Охрид), не повторувале година во текот на своето образование, не е корисник на стипендија или кредит од друга инситуција или компанија.

Посебни услови кои треба да ги исполнува студентот е да потекнува од многудетно семејство (во семјството има три или повеќе деца),  потекнува од еднородителско семејство (предност ќе имаат студентите чиј што еден родител е починат),  студентот е дете без родители, студентот потекнува од семејство со вкупни примања на родителите до износот на минимална плата (20.175 денари во нето износ), потекнува од семејство во кое и двајцата родители примаат минимална плата, потекнува од семејство приматели на еднократна или постојана парична помош (гарантирана минимална помош за работно неспособни лица), студентот од прва линија во семејството има лице со посебни потреби или ретки болести.

Образовниот додаток се доделува еднократно за целата академска 2023/24 година. Износот на образовниот додаток за студенти кои студираат надвор од Охрид и потекнуваат од семејства со социјален ризик изнесува еднократно во нето износ од 6000,00 денари за студенти кои ги исполнуваат горенаведените услови. Образовниот додаток за студенти е неповратен.

Повеќе информации за јавниот повик на линкот.

OhridNews