Маргарита Веласко од Флорида на новогодишната ноќ родила со царски рез два сина, но иако се еднојајчани близнаци, децата родендените ќе ги слават на различни датуми. Малиот Марсело се родил неколку минути пред полноќ, а Стефано неколку минути по влегувањето во Новата година.
Среќниот татко Хуан изјавил дека ќе биде забавно бидејќи ќе имаат две роденденски забави. Браќата на свет дошле 10 седмици порано, па барем уште осум седмици ќе поминат на интензивна нега пред да ги испратат дома. Мајката се чувствува одлично.