Во Полициската станица Охрид, вчера, од страна на 30-годишна жена од струшкото село Радолишта, со привремен престој во Охрид, пријавила дека нејзиниот сопруг од Призрен-Косово противправно го одзел нивното едногодишно дете.
Имено додека таа била на работа, сопругот го зел детето, а потоа не одговарал на телефонските повици, а воедно ги зел и патните исправи (на детето и неговата) како и кредитните картички.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
OhridNews