Најдобрата, младинската и пионерската екипа од Ракометниот клуб Охрид в среда на 13 февруари ќе имаат еднодневна турнеjа во Грција.

Домаќин на „гладијаторите“ ќе биде грчка Едеса со која охридскиот ракометен клуб има соработка последниве неколку години.

Најпрво на мегдан со своите врсници ќе излезат пионерите, потоа силите ќе ги одмерат младинците, а еднодневната турнеа ќе ја финишираат „гладијаторите“.

Охридските ракометари во досегашните пресметки со Едеса немаат пораз, а дуелот на 13 февруари ќе биде вкупно четврти, додека пионерите и младинците прв пат ќе се сретнат со своите врсници од Грција.

OhridNews