Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека во среда на 20-ти мај 2015 година на патниот правец А2, Кичево-Охрид, на делницата Пресека-Врбјани во периодот од 16:00 до 17:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин за секаков вид на возила.

Прекинот е поради изведување на градежни работи, односно минирање. 

Инаку сообраќајот на сите државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

OhridNews