Кошаркарите на Охрид го освоија целиот плен во дербито на колото во Втората кошаркарска лига-запад, совладувајќи го Тетекс со тесни 69-68 (13-21, 19-12, 22-17, 15-18), во СРЦ „Билјанини Извори“.
Натпреварот го оправда епитетот дерби, бидејќи изобилуваше со голема борба, менување на резултатот и неизвесност до самиот крај.
Во првиот квартал, гостите обезбедија плус осум (21-13), но охриѓани експресно одговорија во втората четвртина и на одмор заминаа само со еден поен негатива. Во третиот период, охриѓани го презедоа водството и со мала, но значајна предност влегоа во завршните десет минути. Таму, борбата кулмунираше, а двете екипи влегоа со идентични бројки на семафорот 68-68 влегоа во последните 30 секунди. „Галебите“ со поен од слободно фрлање поведеа со 69-69, а Тетекс на спротивната страна не реализираше и го положи оружјето во Охрид.
Охридските кошаркари ја забележаа петтата победа во серија со која ќе запоседнат врвот на табелата во Втората кошаркарска лига. Во следната рунда, охриѓани, гостуваат кај тимот на Партизан Водно Санс.
OhridNews