Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.688 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи со КОВИД-19 и 177 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.

Од 96 новозаболени од Скопје се 55, Битола – 17, Штип – 4, Прилеп и Кавадарци – по 3, Велес, Гостивар и Струмица – по 2, Куманово, Тетово, Охрид, Кичево, Неготино, Ресен, Радовиш и Берово – по 1. Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 14 реинфекции.

Во моментов во Охрид активни се 26 случаи.

Од 177 оздравени пациенти од Скопје се 81, Битола – 24, Охрид – 12, Кавадарци – 8, Гостивар и Кичево – по 7, Прилеп – 6, Куманово, Ресен и Делчево – по 5, Струмица – 4, Гевгелија и Свети Николе – 3, Неготино – 2, Тетово, Радовиш, Виница, Крушево и Дојран – по 1.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид на возраст од 85 години. Пријавеното лице е починато на 4 април во домашни услови. Кај починатото лице е регистриран коморбидитет, соопшти Министерството за здравство.

OhridNews