На 18.04.2008 година,околу 21.40 часот, на магистралниот пат Охрид- Кичево, кај с. Мешеишта, се случила сообраќајна незгода во која учествувале ПМВ „Опел Вектра„ со охридски регистерски таблички управувано од С.Б.(1963) од Охрид и ПМВ„З-126п„ со охридски регистерски таблички управувано од Венко В. (1977) од Охрид, кој од здобиените повреди починал на местото на незгодата.
Со повреди притоа се здобиле сопатничката во првото возило И.Б.(1990) од Охрид и сопатничката во второто возило С.Н. од с.Мешеишта, кои се пренесени и задржани на лекување во болницата „Свети Еразмо„ во Охрид.