Лицето Р.М. роден 1986 од Струга е пренесен во болницата „Св.Еразмо“, каде е констатирана тешка телесна повреда. Тој се обидел да спречи тепачка на плажата пред хотелот но бил нападнат од повеке лица државјани на Република Црна Гора.
Во текот на денешниот ден, полициската станица од Струга, по претходна консултација со Основното јавно Обвинителство Струга, поднесе две прекршочни пријави против вкупно 7 лица државјани на Србија, Црна Гора и Македонија кои учествувале во тепачката.
Од преземените мерки, констатирано е дека директни иницијатори за тепачката се лицата О.М. и Ф.Л. двајцата од Црна Гора родени 1984 година кои под дејство на алкохол започнале вербална расправија со неколку лица,Српски државјани. Вербалниот конфликт прераснал во меѓусебна тепачка во која учесниците си нанесле повеке удари со тупаници.