Едно лице е тешко повредено во сообраќајната несреќа што денеска околу 13 часот се случи на регионалниот пат Охрид –Св. Стефан кај населбата Рача.


Според првичните информации од истрагата, автомобил марка „ровер“ со охридски регистарски таблици, најверојатно поради неприлагодена брзина излетал од патот и удрил во електричен столб. Возачот (22) кој бил сам во автомобилот веднаш по несреќата бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматолологија „Св. Еразмо“, од каде попладнево итно е упатен на скопските клиники.

На местото на несреќата увид изврши сообраќајната полиција.

OhridNews