Заур Дадаев , роден во Русија Ингушетија, признал дека е вмешан во убиството на рускиот лидер на опозицијата Борис Немцов на 27 февруари, пренесува Руската државна новинска агенција РИА Новости.
Официјално невработен, Дадаев изјавил дека тој го извршил убиството заедно со уште едно лице со презиме Алханов.
Новинската агенција Интерфакс објави дека “Алханов” извршил самоубиство во вечерните часови на 7-ми март, за време на обидот на полицијата да го уапси во Грозни, главниот град на Чеченската Република, Русија. Дадаев е во притвор, со судски налог до 28 април, а се соочува со обвинение за спроведување на платено убиство.
OhridNews
извор Телма