Едно лице е потешко повредено во тешката сообраќајна несреќа што  вчера се случи на локалниот пат кој ги поврзува струшките села Биџево и Ливада.

Во несреќата повреден е А.К. (20) од Струга со привремено место на живеење во Австрија. Тој се здобил со тешка повреда на главата, поради што е задржан на лекување во болницата во Струга.

Според првичните информации од увидот, до несреќата дошло кога патничко моторно возило „Пасат“ вршело престигнување  на трактор и директно се судрило со автомобил „БМВ“ кој со голема брзина се движел во спротивната  насока.

OhridNews