На ден 22.о6.2008 година во 05 часот и 10 минути во Охрид, на раскрсницата на улиците ,,Абас Емин,, и ,,Гоце Делчев,,  случена е тешка сообраќајна незгода во која животот го загуби лицето Бошко Б. роден 1984 година во Охрид.

До незгодата дошло во моментот кога сега починатиот, управувајќи велосипед со помошен мотор марка ,,Торнадо,, изгубил контрола и удрил во дрво а потоа со главата во тротоарот од коловозот. Истиот, на пат кон Општата болница во Охрид им подлегнал на повредите.

На лице место извршен е увид од страна екипи на СВР Охрид, судско-медицински лица и патолог. Притоа извршњено е  препознавање на телото на починатиот  од страна на неговото семејство.


На ден 22.06.2008 година, во 01 часот во Охрид на улицата ,,Радојца Новичич,, случена е сообраќајна незгода во која со тешки телесни повреди(скршеница на клучна коска на левата рака) се здобило лицето Р. Ш. Роден 1992 година додека со полесни повреди се здобил сопатникот Р.В. роден 1991 година, и двајцата од охридското село Велгошти.
 
Незгодата се случила во моментот кога управувајќи  велосипед со помошен мотор марка ,,Генерик,, сега тешко повредениот Р.Ш. изгубил контрола и удрил во ивицата од тротоарот а потоа во земјен ископ од коловозот.

По овластување на Истражен судија, криминалистичко-технички увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Охрид.

Тешкоповреденото лице веднаш е префрлено во болницата за ортопедија и трауматологија ,,Св.Еразмо,, додека неговиот сопатник, по укажаната медицинска помош е пуштен на домашно лекување.

Извор:
СВР Охрид