Утрово околку 9 часот на излезот од Охрид во близина на Св. Еразмо се случила сообраќајна несреќа.

Од засега непознати причина возило кое се движело по автопатот во израдба, односно во коловозна лента која не е дозволена за сообраќај, излетало од патот при што повредено е едно лице кое е пренесено во специјализираната болница „Св. Еразмо“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На местото на настанот извршен е увид од страна на сообраќајната полиција при СВР Охрид.

Г.М.