Во Полициската станица Струга, утрово во 02.35 часот, било пријавено дека во струшкото село Калишта, настанал пожар во куќа сопственост на 73-годишен жител на селото.
Сопственикот на куќата се здобил со тешки телесни повреди по што починал. Со телесни повреди се здобиле уште три лица, кои се префрлени во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Струга, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга.
За случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на семејството.
OhridNews