На магистралниот пат А2 Гостивар-Кичево, во близина на село Зајас, вчера, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило ,,цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 50-годишно лице од Белград излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево, се здобила сопатничката од возилото, 70-годишна жена од Куманово.

OhridNews