Сообраќајна несреќа се случи вечерва на улицата „7 Ноември“ во Охрид, во близина на комплексот маркети.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Домовски го потврди настанот, информирајќи дека во незгодата e повeрдено едно лице кое со возило на Брза помош е пренесено во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“..

Засега не се соопштуват повеќе детали за несреќата. На местото на настанот во тек е увид, кој треба да ги открие причините за незгодата.

Г.М.