Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
- Изминатово деноноќие, во периодот од 07 часот на 04.04 до 07, часот на 05.04.2020 година, четири лица од кои едно од Охрид и 3 од Струга, не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КОВИД-19. Во истиот период, едно лице не ги почитувало одредбите за карантин и за време на траењето на мерката, ја напуштил хотелската просторија и се упатил во друга просторија. Против сите лица кои ги прекршиле законските одредби, ќе бидат поднесени кривични пријави според членот 206 од Кривичниот законик, потенцира Димоски.
Истовремено, не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација.
Во Охрид, евидентирано е едно ново лице со решение за изолација и извршени се 48 контроли на овие лица. Во Дебар, регистрирани се 7 нови лица во самоизолација. Извршени се вкупно 251 контрола на овие лица од кои едно во Охрид, 125 во Струга-125. Полициските службеници извршиле 47 контроли на угостителски објекти.
Ohridnews